еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Манчевски се пошегува на негова „сметка“: Министерската функција те заглупавува

Говорејќи на денешниот настан на промоцијата на проектот „Училишта на 21 век“, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се пошегува на своја „сметка“.

Искрено, со присутните сподели дека кога слушнал дека во рамките на проектот ќе бидат доделени „Микро бит“ уреди за кодирање на учениците од основните училишта, не знаел што е тоа, иако е инженер по професија.

„Министерската функција те заглупавува“, се пошегува Манчевски.

Тој додаде дека на неговиот постар деветгодишен син би му купил ваков уред за да може да ја развива креативноста, да решава сложени проблеми.

„Денешното образование ќе ги остави децата без работа. Има голема неусогласеност помеѓу понудата и побарувачката. Преку овој проект се покажува дека учењето може да биде и забавно. Кодирањето не е ИТ вештина, туку начин на размислување и логика. Во иднина 90 проценти од работните места ќе бараат основно ниво на дигитални вештини. Образованието е предуслов за да создадеме такви кадри“, рече Манчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Основните училишта ќе добијат „Микро бит“ уреди: Децата ќе кодираат и дигитално ќе се описменуваат

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Селфи-фотографијата на Заев и Ципрас на насловна страница на „Фајненшал Тајмс“

Редакција

Каков имот пријавил судијата Бурим Сејдини, кој е реизбран за претседател на Управен суд

Редакција

Охриѓанец почина од корона вирусот

Редакција