еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Манипулирање со граѓаните: Во Владата изгледа не го прочитале Законот за употреба на јазиците

Владата на Република Македонија вчера соопшти дека се шират лажни вести и невистини за примената на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија односно дека се лажни или неосновани тврдења за наводен дополнителен товар во Буџетот и за нови вработувања што ќе произлезат при имплементацијата на новите одредби.

„Вистината е дека Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторатот за употреба на јазиците, како што предвидува законот и како што беше утврдено со политичкиот  договор за негово донесување, кадровски ќе бидат екипирани од постоечките човечки реурси во министерствата, агенциите и секретаријатите. Не се предвидени нови вработувања“, соопшти Владата.

Сепак во законот за употреба на јазиците пишува дека „за спроведување на предлог – законот потребни ќе бидат дополнителни средства од Буџетот на Република Македонија и повлекува материјални обврски за други субјекти.

Потребните средства за функционирање на новите институции (Агенцијата и Инспекторатот) предвидени во член 18 и член 20 од овој предлог – закон, поврзани со спроведување на одредбите од предлог – законот, во првата година, се проценуваат на 16 милиони денари.

Во однос на вработувањата во новите институции, еден дел ќе бидат реализирани по пат на преземање од други државни институции, пред се од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Дополнително ќе биде потребно да бидат обезбедени 90 милиони денари во буџетот за 2018 година кои ќе бидат распределени за различни буџетски корисници за имплементација на одредбите од овој предлог – закон“.

Дополнително, од Владата соопштија дека погрешно и манипулативно е тврдењето дека новоформираната Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија со својство на правно лице, ќе го издигне албанскиот јазик над сите останати јазици во Република Македонија.

„Вистината е нешто сосема друго, односно работата на Агенцијата ќе се однесува на сите јазици“, соопшти вчера Владата.

Сепак, во законот пишува дека „во Агенцијата покрај овластени судски преведувачи се вработуваат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори“.

Имено, во законот никаде не пишува дека ќе се вработуваат лингвисти и филолози по македонски, турски, српски и други јазици кои се говорат во земјава.

Така што, во Владата прво би требало добро да ги прочитаат законски одредби, па потоа да излегуваат со слободни толкувања и таканаречени факти.

Факт е дека овој закон е направен со единствена цел да се унапреди користењето на албанскиот јазик односно да добие статус на службен јазик и тоа треба отворено да им се каже на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Џафери, Ибраими и Костовски за Законот за јазици

Кекеновски поднесе инцијатива за Законот за јазиците пред Уставен, смета дека е донесен без потребниот број на гласови

Од Владата велат дека македонскиот јазик е единствен службен јазик на целата територија на РМ и во нејзините меѓународни односи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спасовски: Македонската полиција на висина на задачата и пред гробот на Делчев и на граничните премини

Редакција

Нови 521 случаи на Ковид-19, починати три лица, едното на 48-годишна возраст

Редакција

Од утре се отвараат сите гранични премини, влез во Македонија со тест за Ковид-19

Редакција