еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Мапа) Куманово се поблиску до Дебар по бројот на заболени со коронавирусот

Анализата на податоците за заболените од корона вирусот која на дневна основа ја прави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 7. април, покажува раст на кумулативната инциденца во Куманово.

Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители и е една од причините зошто централната власт досега не дозволи затворање на Куманово, по примерот на Дебар, иако локалната власт постојано го бара истото.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 91,1, додека инциденца над 30 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Кочани, Штип, Прилеп, Крушево и Струга“, стои во анализата.

На 4 и 3. април, според податоците на ИЈЗ, кумулативната инциденца во Куманово беше 65,2.

Како изгледа состојбата по другите градови погледнете на мапата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Број на починати и заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Сите детали: 12 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија имале контакт со потврден случај

72 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот

Двајца странски државјани досега починаа од коронавирусот во Македонија

Фото: Општина Куманово/Графика: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата му додели адвокат на Груевски за „ТНТ“, од рочиште ќе не чини 1.500 денари

Редакција

Италијанскиот премиер Драги повика на итен почеток на преговори со Македонија и Албанија

Редакција

Елизабета Ивановска е новиот в.д. директор на битолската болница

Редакција