еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Мапа) Кумулативната инциденца во Куманово над 127, расте и во Штип и Кочани

Анализата на податоците за заболените од корона вирусот која на дневна основа ја прави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 10. април, покажува нов раст на кумулативната инциденца во Куманово.

Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители и е една од причините зошто централната власт досега не дозволи затворање на Куманово, по примерот на Дебар, иако локалната власт постојано го бара истото.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 127,6, додека инциденца над 40 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Штип, Прилеп, Кочани и Струга“, стои во анализата на ИЈЗ.

До 9. април таа во Куманово беше 117,7, до 8. април,100,2, до 7. април, 91,1, до 4 и 3. април, според податоците на ИЈЗ, беше 65,2.

Во Штип и Кочани пак заклучно со податоците пред 8. април беше под 30.

Како изгледа состојбата по другите градови погледнете на мапата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем дел од починатите од коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

Аларамантно: 106 здравствени работници во Македонија заболени од коронавирусот

Детален преглед: Најмногу починати во Куманово, а најмногу заболени од коронавирусот во Скопје

Сите детали: 13 лица од новозаболените од коронавирусот во Македонија имале хронична и здравствени состојби

Фото: Општина Куманово/мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре вечер дожд и пад на температурата до осум степени

Редакција

Инфлацијата во мај порасна на 11,9%

Редакција

Нови 166 заболени од Ковид-19 од 1.756 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција