еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Март потопол од вообичаеното и со натпросечни количества на врнежи

Март годинава бил потопол од вообичаеното, но и со натпросечни количества на врнежи, односно екстремно влажно време. Над 15 дена во месецот средната дневна температура, со исклучок на Маврово, била над пет степени од вообичаеното.

Највисоката максимална температура била 25.9 степени во Гевгелија и е измерена на 13 март, додека најниската -9.1 степен е измерена во Маврово на 24 март.

Споредено со многугодишните средномесечни температури, годинава во март вредностите се повисоки за еден степен на ниво на држава. Средната месечна температура варирала од 2.2°С во Маврово до 9.9°С во Гевгелија.

Врнежите биле застапени во текот на целиот месец, но најмногу во првата декада. Тогаш или поточно на 8 март се измерени и максимални 22 сантиметри снежна покривка.

Месечната сума на врнежи варирала од 68 мм на Зајчев Рид кај Скопје до 186 мм во Маврово, додека максималната дневна сума на врнежи од 50 мм била регистрирана во Крива Паланка на 8 март. На Зајчев Рид кај Скопје, како и во Охрид и Крива Паланка се надминати апсолутните максимални еднодневни врнежи (1961-1990).

Споредено со мартовската многугодишна просечна сума (1981-2010), средната месечна сума на врнежи годинава во март била 60 мм или 128 проценти поголема од просечната на ниво на држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прв пат во историјата: Температурата на Антартикот над 20 степени

Пролет во февруари: Сончево со температура до 21 степен

Во октомври температурите повисоки за 2,4 степени, 19 дена било над 20 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот директор на Финансиска полиција Ване Цветанов ја побарал манекенката Дунавка Трифуновска за жена во авион

Редакција

Чистите раце спасуваат живот

Редакција

Казни од од 1.500 до 2.000 евра: Воведена делумна забрана за движење во шума од 6 до 20 часот

Редакција