еМагазин
Image default
Локално

Масовна тепачка во Охрид за новогодишната ноќ

Седум лица учествувале во масовна тепачка што утрово се случила пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид. Освен ова нарушување на јавниот ред и мир, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски оцени дека новогодишната ноќ поминала генерално мирно на цело подрачје на овој сектор за внатрешни работи.

Тој информира дека во 4 часот и 30 минути било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со тепача од повеќе лица.

„По преземени мерки констатаирано е дека нарушувањето е извршено од лицата Н.Д.(18) и А.Ј.(52) од едната страна и Х.Л.(18), Д.В.(18), К.И.Л. (18), Д.В.(20) и А.К.(20) од другата страна, сите од Охрид. На лицата Н.Д. и Х.Л. им е укажана лекарска помош. Лицата се приведени во Полициска станица и поднесени се соодветни поднесоци“, изјави Димоски.

Димоски подвлече дека на највеселата ноќ во годината не се случила ниту една сообраќајна незгода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко и син од Зајас со метални прачки ги истепале актуелниот и ексдиректорот на гимназијата во Кичево

Редакција

Пијат вода „збогатена“ со бактерии

Редакција

Почина маж прегазен од сопственото „ауди“ кај наплатната станица Миладиновци

Редакција