еМагазин
Image default
Локално

Масовна тепачка во Тетово

На 22.10.2018 година во 22,30 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово, Ф.И.(19) и Х.И.(19) и двајцата од Тетово пријавиле дека истиот ден околу 19,20 часот додека со својот пријател Б.Б. од с.Вешала се движеле на улицата “Маршал Тито‘‘ биле пресретнати од страна на Џ.С.(27) од с.Слатино кој бил заедно со уште неколку други лица и започнале вербална расправија, информира МВР.

Џ.С. извадил метален предмет и го нападнал Б.Б.. Потоа и останатите лица физички ги нападнале Ф.И.,Х.И. и Б.Б., по што го напуштиле местото на настанот. Б.Б. бил пренесен во Клиничката болница во Тетово.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и Џ.С. бил пронајден и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го демантира градоначалникот Костовски за зголемениот број на напади врз малолетници во автобусот 57

Редакција

(Видео) Во Охрид и журки на плажа, каде е полицијата?

Редакција

Жена од Гостивар со мали сипаници хоспитализирана на Инфективна клиника

Редакција