еМагазин
Image default
Македонија

Какви се обврските на матичните лекари кон заболените од корона вирусот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19 ги добива резултатите на пациентот и доколку на пациентот му се одреди домашно лекување точно ги знае насоките за негово следење.

„За пациент на домашно лекување, матичниот лекар постапува по претходно утврден и усвоен протокол на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Согласно истиот, матичниот лекар има обврска да го контактира пациентот два пати во текот на денот, да го известува системот Мој Термин, кој потоа во форма на електронскиот извештај го испраќа во Министерството за здравство и до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

За потсетување, Министерството за здравство вклучи близу 1.200 матични лекари во системот на детекција и следење на пациентите со коронавирус,“ информираат од Министерство.

Граѓаните кои имаат симптоми типични за Ковид-19, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, треба да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар, а не да одат во ординација.

Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да бидат тестирани.

Тестирањето го закажува матичниот лекар, преку системот „Мој термин“ со точно време и место за тестирањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст: 40 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани од надвор

Расте бројот на здравствени работници со коронавирусот, 16 се заразиле во болница

Сите детали: 17 лица од новозаболените имале контакт со постоечки случаи, а 3 неодамна патувале

Просекот на заболени со коронавирусот во Македонија – 44,4 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ најавија потпишување свечени изјави со Северна Македонија

Редакција

(Фото) Стигнаа 200.000 кинески вакцини, Армијата помогна во нивно растоварување

Редакција

ДИК: До 15 часот излезноста 30,34 проценти

Редакција