еМагазин
Техно

Продавница со нов концепт во Телеком управната зграда

Персонализирано корисничко искуство, интерактивна сценографија за запознавање со технолошките новитети, отворен простор за изложување на производите и директна отворена комуникација со вработените. Ова е новиот концепт на Телеком продавницата сместена во Управната зграда на компанијата, којашто ќе се отвори утре, на 22 ноември, во 14 часот.

Новиот концепт на продавницата го проширува хоризонтот на класично продажно место уште на самиот влез, со модерен дизајниран излог кој на корисникот му навестува амбиент на интересно дигитално патување во светот на модерната технологија. Пoсебен акцент е ставен на личното искуство и на впечатоците на секој корисник за технолошките новитети добиени од изложените интерактивни сценографии во продавницата.

Продажниот концепт се состои од четири составни елементи: отворен простор за изложување на сите продукти и уреди – веднаш достапни за корисниците, интерактивен пулт кој ги надминува бариерите и овозможува воспоставување заемна соработка помеѓу корисниците и продажните агенти, потоа гејминг зона за несекојдневно гејминг искуство каде што нема индивидуални победници, туку чувството на победа се изразува во заемно поминатото време, како и дигитално катче во кое ќе се претстават предностите и можностите што ги нуди паметната технологија.

Целиот фокус во продавницата е ставен на современата технологија и дигитализација, односно автоматизација на услужните процеси кои ќе придонесат за олеснување на корисничкото искуство.

Македонски Телеком на денот на отворањето на новата продавница, утре, на 22 ноември, подготви атрактивни цени за купување на телефони. Одредени модели на телефони ќе можат да се набават со попуст и до 5.000 денари со договор за Фамилијарен буџет во Magenta 1, како и телефони за 1 денар со договор за Доверба 24 во Magenta 1M и Smart М тарифите.

Новиот концепт на продажен салон во Управната зграда на Телеком во Скопје, е трет во Дојче Телеком Групацијата, по Виена и Загреб. Оваа неконвенционална продавница го потврдува епитетот на Македонски Телеком како технолошки лидер, компанија која чекори напред пред останатите, креирајќи уникатни искуства за своите корисници.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претставени новите Samsung Galaxy Watch3 и Galaxy Buds Live

Редакција

Телеком: 5G мрежата достапна и во Скопје

Редакција

Brainster ја отвори првата Data Science академија во Македонија и регионот

Редакција