еМагазин
Image default
Македонија

Меѓу нашинците во Хрватска нема заразени од коронавирус, се очекува 220 граѓани да бидат префрлени со авион во Скопје

Помеѓу македонските државјани во Хрватска нема заразени со коронавирусот Ковид-19, а меѓу нив нема ниту жртви од вчерашниот земјотрес во Загреб, изјави Назиф Џафери од Амбасадата на земјава во хрватскиот главен град во „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“.

– Македонската заедница е една од најактивните од останатите 22 заедници во Хрватска. Комуникацијата е секојдневна. Помеѓу нашинците засега нема заразени од корона. Имавме заглавени луѓе на аеродромот, па околу 50 наши граѓани ги префрливме во Македонија, изјави Џафери.

Тој соопшти дека нашата Амбасада во Загреб работи на префрлање на македонските државјани сезонски работници во Хрватска во земјава.

– Но, имаме и студенти, работници и граѓани кои по разни основи биле да се лекуваат. Барањата се огромни и предизвикот да се помогне е уште поголем. Работиме на случајот сезонските работници да се префрлат во Македонија. Во петокот нашата Влада донесе одлука да организира чартер летови. Вчера вечер доставивме список од 220 граѓани и очекуваме да се префрлат со авион во Скопје, изјави Џафери.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој и каде ќе може да се тестира: Од денеска 14 пунктови за тестирање за коронавирус

7 пациенти со коронавирусот се на третман со кислородна поддршка, а со самокислородна маска 11

Детална листа: Како изгледа бројот на заразени со коронавирусот во Македонија по градови

Најмногу од заразените со коронавирусот во Македонија се на возраст од 15 до 49 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 15 тестови, пет позитивни со Ковид-19 во Дебар

Редакција

Условите за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се знаат во недела

Редакција

Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, јас му припаѓам на родот на кактуси

Редакција