еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Меѓу нив и партиите на Каракачанов и Костадинов: Шест партии во Бугарија шират говор на омраза

Извештајот на американската невладина организација „Глобален проект против омразата и екстремизмот“ покажува дека шест политички партии и шест здруженија во Бугарија се идентификувани дека шират говор на омраза, пренесе телевизијата Телма.

На листата се наоѓаат и партиите ВМРО НП на Красимир Каракачанов и проруската Преродба на Костадин Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Костадин Костадинов, лидерот на „Преродба“, за кој македонското МНР реагира со вербална нота

Од агент на бугарската служба за безбедност до вицепремиер: Кој е Красимир Каракачанов

И за двете општо познато е дека имаат антимакедонски ставови.

На листата е и ултра десничарската партија „Атака“.

Во извештајот на организацијата стои дека за разлика од некои други држави членки на ЕУ, бугарските екстремисти се повеќе фокусирани на демонизирање на сопствените малцинства во земјата – Ромите и од неодамна и ЛГБТК популацијата, но не и мигрантите.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 937 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Сергеј Самсоненко и „Руле турс“ ја предлагаат Гордана Темелковска Костовска за член на НО на Стопанска банка Битола

Редакција

(Фото) Јанева ја масираат на плажа во Калитеа

Редакција