еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Мечка и мали мечиња ги превртуваат контејнерите барајќи храна во Галичник

Веројатно сте забележале дека летово, секое утро, низ цел Галичник наоѓаме превртени контејнери. Не се работи за невкусни шеги! Всушност, во Галичник имаме редовни посети од Менда со мечиња, кои мислат дека контејнерите секојдневно ги полниме со вкусен оброк за нив!, информираа од месната заедница Галичник на нивниот Фејсбук профил.

„Деновиве Галичник е полн, отпад има многу, а поради високите температури ѓубрето брзо скапува, се шири непријатна миризба и чистењето е тешко.

Додека да најдеме трајно решение, апелираме: трудете се органскиот отпад да го одлагате во дупка во двор, редуцирајте го отпадот кој оди во контејнер, ако сте на краток престој, понесете го ѓубрето со себе.Ви благодариме!“, напишаа од месната заедница Галичник.

Фото: Шари беар шоу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проруска партија победи на парламентарните избори во Словачка

Редакција

Управата за водење на матичните книги вработува 82. службеници

Редакција

Вучиќ „жестоко“ кон ЕУ: Сит сум од тие игри во регионот – се оцрнуваме едни со други, за да можат да се играат со нас како марионети

Редакција