еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Медена земја“ ја менува историјата на „Оскарите“ и на светската кинематографија

Македонија и светот брујат за успехот на „Медена земја“, македонскиот документарен филм кој вчера беше номиниран во две категории за наградата „Оскар“  – најдобар документарец и најдобар меѓународен филм.

Освен што станува збор за огромен успех за македонската кинематографија и нашата земја со оглед на тоа што прв пат во нашата историја домашен филм е номиниран во две категории за „Оскарите“, „Медена земја“ добива на важност, бидејќи влезе со номинацијата во категоријата најдобар меѓународен филм и со тоа ја брише границата меѓу играните и документарните филмови.

Ваквиот историски момент го препознаа светските медиуми како IndieWire, кој укажува дека „Медена земја“ е само уште еден пример дека во иднина документарните филмови би требало да се номинираат и во наградата „Оскар“ за најдобар филм.

За тоа режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како и целата екипа која стои зад „Медена земја“ заслужуваат посебно признание.

Да се надеваме дека нивното дело по двете номинации ќе биде наградено барем со една статуетка или како што би рекла главната хероина на филмот Атиџе: „пола земи, пола остави“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како „главните виновници“ за „Медена земја“ ја дочекаа веста за номинациите за „Оскар“

Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка

(Фото) Медена тура: Воодушевени од Атиџе, велосипедисти возеа до нејзиното село Бекирлија

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прескер: Македонците се добредојдени во Словенија, децениската соработка е доказ за тоа

Редакција

Намалување од 40,6%: Минатата недела 635 нови случаи на Ковид-19

Редакција

(Видео) Беким Незири се појави во Кривичен суд

Редакција