еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

„Медена земја“ не доби Оскар: Статуетките ги земаа конкурентите „Американска фабрика“ и „Паразит“

Македонскиот документарец „Медена земја“ кој беше номиниран во категориите најдобар документарец и најдобар интернационален филм не доби Оскар.

Американската филмска академија му додели Оскар на „Американска фабрика“ за најдобар документарен филм, а за најдобар интернационален филм Оскар доби филмот „Паразит“ од Јужна Кореја, кој исто така го доби Оскарот за најдобар филм, што е прв пат во историјата на доделувањето на овие награди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Атиџе прекрасна: Како изгледаше екипата на „Медена земја“ на Оскарите

„Паразит“ е филм на режисерот Бенг Џо Хо кој зборува за поделбите меѓу богатите и сиромашните во Сеул. Филмот ги собра и наградите за најдобро сценарио и најдобра режија со што стана вистински хит на „Оскарите“.

„Американска фабрика“ е прв филм на продуцентската компанија на Барак и Мишел Обама – „Higher Ground Productions“, продуциран за мрежата „Нетфликс“.

Документарец е за кинеска компанија за производство на автостакла (Fuyao) која работи во згаснатата фабрика на „Џенерал моторс“ во Морејн, Охајо.

Режисерите го снимале од февруари 2015 до крајот на 2017 година во истата фабрика што беше тема на нивниот документарен филм од 2009 година „Последниот камион: Затворање на фабриката ЏМ“.

Ги прикажува работниците по преземањето на фабриката од кинескиот инвеститор – Кинези и Американци кои преку соработката ги уриваат културолошките бариери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема место за разочарување: „Медена земја“ не сплоти и испиша историја

Личност на годината на еМагазин: Атиџе Муратова

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Што треба да знаат граѓаните што ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“ во Србија

Редакција

Нема да прифатам Путин да го нарекуваат Хитлер или лудак, вели Вучиќ по разговор со Путин

Редакција

4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела од Ковид-19 починале 68 лица

Редакција