еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Мега-галерија) еМагазин на Хидра: Идеален остров за романтика, а богами и за слабеење

Од бројните грчки острови што ги имам посетено, Хидра ми е дефинитивно една од омилените дестинации.

Островот бил популарен во шеесетите, седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век, а сега не е комерцијална дестинација од типот на Миконос или Сан Торини, кои верувајте ми, се само премногу надуена многу скапа приказна. Проверено од прва рака.

Она што фасцинира кај овој остров е што буквално се е останато како пред стотици години.

Нема диви платформи како на наша Матка или Бог да чува урбана мафија.

Точно се знае колку и како треба да се шири единствената порта, која како и островот се вика Хидра.

Тоа што на овој остров се забранети моторни возила е јаготката на шлагот и го прави одличен за слабеење. Секаде се движите пешки и овде многу лесно се слабее.

Идеален за романитика

Островот изобилува со природни убавини, за разлика од бројните грчки острови кои се претежно пустини.

Тоа во комбинација со прекрасната архитектура, стара неколку векови, сонцето и морето ја прави Хидра одлична за романтика.

Внимавано е на секој детал, па така речи на секои пеесетина метри по крајбрежието околу портата се поставени клупи за уживање во убавините.

Па така не е ни чудно што овој остров важи и за позната дестинација за меден месец.

Се чувствувате како граѓанин на светот

Пред да се појави на Евровизија, деновиве на островот престојуваше и познатиот светски моден дизајнер Жан Пол Готије, кој често доаѓа овде, а пред неколку години на островот како што шпекулираа грчките медиуми тајно бил и со неговата пријателка, поп кралицата Мадона.

Ѕвезди од ваков светски калибар може често да се видат овде.

Онаа што мене најмногу ми остави впечаток, освен се разбира неопишливата енергија што ја има овој остров, е што овде се чуствувате како граѓанин на светот.

Островот е посетуван од туристи од Австралија до САД. Прекрасно е чувството човек да се претопи во маса од луѓе од целиот свет, да запознае луѓе и нови пријатели од сите страни.

Овде комуникацијата е многу лесна и со луѓето и со животните.

Островот е познат и по мачките, магарињата и коњите.

Плажите се претежно со ситни каменчиња или карпи, а единствената песочна плажа е Мандраки.

Цените солени

За македонски стандарди, цените овде се така соленки, но во секој случај вреди секоја потрошена пара.

Најевтино ќе поминете ако дојдете овде во мај, септември или октомври.

Можете да го комбинирате со тура со околните острови, а веднаш тука Ви е и Пелопонез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на Хидра: Единствениот грчки остров каде се забранети коли, а Бог да чува и мотори

(Ексклузивни фотографии) еМагазин на Хидра: Зошто култниот Леонард Коен купи куќа на овој грчки остров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За прехранбените компании кои не ги намалија цените потрошени 1,5 милиони евра за субвенционирана струја, пари на граѓаните

Редакција

Жителите на велешко Горно Оризари со свои пари си асфалтираа три улици

Редакција

Милошоски тврди дека Ковачевски за 7 дена во Њујорк потрошил 20 илјади долари, а се сретнал само со министер на Азербејџан

Редакција