еМагазин
Image default
Бизнис

МЕПСО ја модернизираше трафостаницата Кавадарци

МЕПСО ја замени опремата што беше во функција повеќе од педесет години и  ја заврши модернизацијата на трансформаторската станица „Кавадарци“. Монтирани се и ставени во погон нови разделувачи на сите осум полиња во трафостаницата и заменет е системот за управување со пневматски погон кој беше во функција од 1967 година.

Со модернизацијата сите елементи ќе се управуваат со систем на  електромоторен погон. Освен нови разделници монтирани се и прекинувачи за три полиња, нови изолаторски вериги во целата постројка, нови фундаменти на елементите од примарната опрема и нови кабли за сигнализација и управување со елементи од постројката.

Вкупната инвестиција во нова опрема е околу 260.000 евра, а сите работи за монтажа на елементите ги изведоа стручни лица од МЕПСО. Со овие активности се монтирани 23 разделувачи, 3 нови прекинувачи, изолаторски вериги и друга додатна опрема.

Модернизацијата на трансформаторската станица започна во мај 2017 година и траеше 2 години.

„Трафостаницата „Кавадарци“ е најважниот електроенергетски објект во преносната мрежа за снабдување со квалитетна електрична енергија на тиквешкиот регион. Преку оваа трафостаница со електрична енергија се снабдува целото население во кавадаречкиот регион и целата индустрија (освен ФЕНИ кој има и сопствена трафостаница).

Од системски аспект оваа трафостаница е значајна зашто е поврзана со трафостаницата „Дуброво“, хидроцентралата „Тиквеш“, а го поврзува Кавадарци со Велес и со Прилеп. Новата опрема овозможува доверлива и сигурна работа за идните триесетина години и справување со сите идни предизвици кои може да дојдат со зголемената потрошувачка на електрична енергија.

Во оваа трафостаница наскоро треба да се поврзе и индустрискиот капацитет ИГМ Кавадарци, а новата опрема ќе ги сведе на минимум и ризиците од дефекти и трошоците за одржување на опремата“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат позитивните резултати на Реплек АД – раст на приходите во сегментот фармација од 32% во првата половина на годината

Редакција

Становите од поранешна ЈНА ќе може да се откупуваат, барањата се поднесуваат до 15 јануари

Редакција

Горан Козаров назначен за директор на Топлификација Битола, нов правен субјект на ЕСМ

Редакција