еМагазин
Image default
Бизнис

Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата

Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата. Вчера Владата донесе измена на уредбата со која мерката наместо два – ќе трае три месеци, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Додава дека со измени на уредбата, фирмите што ќе користат финансиска поддршка и за месец јуни, наместо до јули ќе мораат да го задржат истиот број вработени заклучно со август.

-Досега доделена поддршка: Април: 21.215 компании и  5.579 самостојни вршители на дејност; Maj: 20.507 компании и 5.579 самостојни вршители на дејност, наведува министерката на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детално упатство на УЈП: Од Нова година нови даноци за личниот доход

Редакција

Мермерен комбинат објави став на Одборот на директори за понудата за преземање од Долит Инвестментс

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на ПИОМ за набавка на пикап вреден 13.000 евра

Редакција