еМагазин
Image default
Македонија

Mеркел не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но потенцира дека регионот има европска перспектива.

Во својот видео поткаст, објавен денеска по повод претстојниот Самит за Западен Балкан, кој во рамките на Берлинскиот процес ќе биде одржан в петок, во полскиот град Познањ, Меркел истакна дека земјите од овој регион треба уште многу пречки да надминат и многу услови да исполнат.

– Патот и натаму е полн со камења, рече Меркел.

Но таа потенцираше дека во регионот постојат позитивни примери на дијалог, посебно потенцирајќи го решавањето на долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина за името.

– Со политичка храброст, премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев и на Грција, Алексис Ципрас успеаа да го решат тој конфликт.

– Ваквиот позитивен пример треба да биде охрабрување за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина, како меѓу Србија и Косово, истакна германската канцеларка.

Во Познањ на 5 јули ќе биде одржана конференција за западен Балкан, на која ќе учествува и Меркел, на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес, со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка меѓу земјите од регионот.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од наши пријатели

Редакција

Пад за 81,8%: Минатата недела два смртни случаи од Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за предвремени парламентарн избори, оставка на Заев и формирање техничка влада

Редакција