еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мерките за превенција од коронавирусот на повисоко ниво: Патниците од Италија ќе пополнуваат прашалник уште во авион

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција информираше дека нема нови заболени од коронавирусот, а пациентката која се лекува е во добра здравствена состојба.

Имајќи го предвид зголемување на бројот на заболени во Европа, истакна дека се заоструваат мерките за превенција од корона вирусот.

„Бидејќи бројот на заболени во Европа е се поголем, согласно поригорозните мерки на италијанските власти за северниот регион за кои ќе има информација денеска, се одлучивме за подигање на степенот на контрола, на патниците со авиони на „Визе ер“ кои денеска слетуваат од Милано и Венеција на скопскиот аеродром.

Патниците во авион ќе пополнуваат одредени картички на кои ќе остават податоци за полесно лоцирање. Авиокомпанијата се согласи на ова и мерките ќе почнат да се имплементираат од денеска,“ рече Филипче.

Тој додаде дека на сите гранични премини останува да се прават скрининзи, се следат алгоритмите на прашалниците, по што следува интервју на патникот и се постапува согласно препораките.

Денеска институциите ќе ги чекаат и препораките од италијанските здравствени власти и какви заострени мерки ќе треба да се преземат.

Филипче потенцираше дека набавката на заштитни материјали за институциите е во тек, а денеска низ училиштата ќе бидат дистрибуирани средства за дезинфекција.

Најверојатно во петок ќе се одлучи дали мерката за забрана на јавни собири ќе биде продолжена, или ќе престане да важи на 6 март.

Во европскиот регион има 3.366 заболени, а од вчера нови земји каде што е регистриран корона вирус се Андора, Латвија и Португалија.

Од соседните земји нема во Србија и Косово, корона вирус нема ниту во Албанија, а во Грција има уште еден новозаболен при што бројката се зголеми на 8, 4 во Солун и 4 во Атина.

Во однос на бројката на граѓани во домашна изолација, кои се придржуваат на препораката на Владата доколку патувале во некој од регионите каде што има епидемија да седат дома, Филипче рече дека е тешко да се утврди и тоа работодавачите најдобро го знаат.

Тој го повтори апелот граѓаните да се придржуваат до препораките, да се свесни и совесни и ако дошле од ризични региони да седат дома.

За зголемените цени во аптеките на средствата за дезинфекција, Државниот пазарен инспекторат се уште истражува, но според информациите зголемените цени се должеле на увозната цената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресметавме колкави се шансите секој од нас да заболи од корона вирус и каква е стапката на смртност

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

АПЕЛ: Сите кои допатувале од региони со коронавирус задолжително да се јават на дежурните телефони

Како се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот?

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Браќата од Гевгелија не разговарале повеќе од 40 години, а убиството се случило поради поднесена тужба

Редакција

(ВИДЕО) Александар ја запроси Матеја на дното од Охридското езеро

Редакција

По вторпат се продава топланата Скопје Север

Редакција