еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Мерките за загадувањето не биле активирани, бидејќи од УХМР најавиле ветер

Иако загадувањето го надмина прагот на алармирање, мерките не беа активирани поради прогнозата за засилен ветер, вели портпаролот на владата Миле Бошњаковски кој на „Твитер“ сподели информации добиени од Министерството за животна средина, пишува Мета.

Од здружението „Скопје смог аларм“, објавија дека минатата недела имало ПМ10 загадување над 200 микрограми на кубен метар на четири мерни станици во Скопје во четири различни денови, но дека мерките не биле активирани.

Бошњаковски потврдува дека на 3 и 4 декември биле надминати среднодневните концентрации на ПМ10 над 200 микрограми – односно на 03 декември била измерена концентрација од 206.88 микрограми во Карпош и 233.08 во Ректорат, а на 4 декември концентрација од 229.6 во Карпош и 283 во Ректорат.

Но, мерките не биле активирани затоа што од УХМР бил најавен засилен северен ветер.

„Прагот на алармирање на ПМ10 се смета за надминат доколку се измерени среднодневни концентрации од 200 микрограми во текот на два последователни дена и е добиена прогноза од УХМР за стабилна временска состојба. Меѓутоа на 4 и 5 декември беа добиени прогнози од УХМР во текот на 5 декември и наредните денови ќе дува засилен северен ветер што придонесе за значително намалување на концентрациите на ПМ10 уште во текот на утринските часови на 5 декември и поради тоа не беа активирани мерките“, пишува во одговорот од Министерството кој го сподели Бошњаковски.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Охрид тврди дека постапката за легализација на дивоградби е согласно позитивната законска регулатива

Редакција

„СДК.мк“: Унгарија го отповика својот почесен конзул во Битола, Сашо Јанакиевски кој е газда на фирмата „Еко клуб

Редакција

Активистите бараат Владата јавно да ја објави одлуката за гасоводот да поминува низ Водно

Редакција