еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Мерко нема свој автомобил, но има шума и стан во Драч

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко се вози во ново општинско Ауди, набавено со пари на граѓаните, а интересно е што во анкетениот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција, тој не пријавил возило на свое име или на член на семејството.

Каков имот пријавил?

На свое име пријавил деловен простор во Струга од 1.200 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба, куќа од 400 метри квадратни, стекната од наследство, исто во Струга, а и стан во Драч, Албанија од 106,5 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба.

На свое име пријавил и земјоделско земјиште, едната парцела од наследство, другата стекната со договор за купопродашба, но и шума, која исто така ја добил од наследство.

Пријавил и кирија, сметки во банка…

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Мерко нема мерка“: Твитер за новата лимузина во која ќе се вози градоначалникот на Струга

Тендер „тежок“ 113.000 евра: Општина Струга купи луксузно „Ауди А6“ и уште три возила од „Јосифов“

Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ денеска избира лидер на партијата, Мицкоски единствен кандидат

Редакција

Нови 412 случаи на Ковид-19, во Скопје 207

Редакција