еМагазин
Image default
Локално

Мешавината од кофеин и парацетамол „омилена дрога“ на скопските дилери

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје го предаде лицето Ќ.Ј.(52), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ, информира МВР.

На лицето му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

На 24.09.2018 година, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по преземени мерки за извршено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, извршен е претрес во дом лоциран на улица „Лазар Танев” во Скопје, сопственост на пријавениот, каде истиот престојува заедно со неговиот 28 годишен внук.

При извршениот претрес пронајдени се 126 грама хероин, 47 грама кокаин и 470 грама мешавина од кофеин и парацетамол.

Ова е само уште ден случај при кој надлежните откриваат големи количини мешавини од кофеин и парацетамол кај диелерите, што само покажува со колку низок квалитет е дрогата која ја конзумираат наркозависниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водата на Дојранско Езеро е безбедна за капење и рекреација

Редакција

Тешко повреден прилепчанец во судар меѓу „Кавасаки“ и трактор

Редакција

Голема акција на МВР против дивите тркачи: Запленети 35 мотоцикли

Редакција