еМагазин
Image default
Македонија

Метју Палмер по втор пат годинава во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер денеска ќе престојува во посета на Македонија.

Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии.

МНР соопшти дека на средбата со Димитров ќе се разговара за евроатлантските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.

Како што објави минатата недела Американската амбасада во Скопје, Палмер ќе разговара со македонскиот државен врв околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Ова е втора посета на Палмер на земјава оваа година. Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, последен пат на средби со македонскиот државен врв беше во август годинава.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Аеродром над 100 активни случаи со Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

Денеска протестен марш: „Јавна соба е кривично дело!“

Редакција

(Фото) Во Кочани традционално се прослави Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз Тито

Редакција