еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Авиокомпаниите задолжително ќе ги осигуруваат багажот и пратките

Авионските компании ќе бидат задолжени со закон да го осигураат багажот на патниците и стварите кои ги пренесуваат, информираат од Министерство за финансии.

Со измените на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, кои ги изготви Министерството за финансии, се утврдуваат права за надомест на штета на сопствениците на багажот и на пратките.

„Законските измени уредуваат и обврска за задолжително осигурување на дел од воздухопловите без екипаж – дронови. Со законот се опфаќаат дронови над пет килограми. На овој начин се заштитуваат граѓаните, доколку се предизвика материјална штета од управување со дронот.

Со овие измени се врши усогласување на Законот со европските регулативи од областа на цивилното воздухопловство.

Измените на Законот се ставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија – ЕНЕР, на кој сите засегнати страни можат да оставаат предлози и коментари. Министерството за финансии ќе ги земе предвид и внимателно ќе ги разгледа сите сугестии пред пуштање во владина процедура“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следува студено време со повремени локални врнежи од снег

Редакција

Путин подготвува одговор на санкциите од Западот со забрана за извоз и увоз на производи и суровини од Русија

Редакција

(Галерија+Видео) Празнична магија во Ист Гејт Мол

Редакција