еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков не знае каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, денеска на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и поранешен премиер Никола Груевски, по кого од синоќа со потерница трага полицијата.

-Не знам, кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на Кривичниот суд, запрашан од новинарите за тоа дали знае каде е неговиот братучед.

На Мијалков денеска му се суди на ново рочиште за предметот на СЈО „Титаник 2“.

Поранешниот премиер веќе неколку дена е недостапен за органите на прогонот, кои го бараат за спроведување во затвор за издржување на казната од две години затвор, што ја доби за случајот „Тенк“.

Откако во петокот не се појави во затворот „Шутка“,  а истото се случи и вчера, синоќа МВР издаде потерница по него и почна да го бара, прво во неговиот дом, а потоа и кај седиштето на неговата партија.

МИА/Фото: А1он.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер топ тема во регионални медиуми: „Каде се крие Груевски?“

Мицкоски ја прашува власта: Сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа Груевски. Пред кого правите евтин театар?

Знаат ли безбедностите служби каде е Груевски?

(ФОТО) Распишана национална потерница за Никола Груевски

Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска: Нема основ за мое изземање, но оставам да одлучи Јавно обвинителство

Редакција

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија

Редакција

Награда од 20 отсто од платата за здравствените работници кои два месеци беа најизложени на корона вирусот

Редакција