еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков си го барал пасошот за да одел на операција во странство

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, барал судот да му го врати пасошот за да оди да се лекува во странство, објави Независен весник.

Според Независен весник, Мијалков отишол во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со еден куп медицинска документација со која побарал да му биде вратен пасошот кој му се наоѓа во Кривичниот суд како една од мерките за претпазливост, откако беше пуштен од притвор за случајот „Титаник 2“.

СЈО испратило негативен одговор до Кривичниот суд.

Од Кривичниот суд потврдиле дека Мијалков месецов поднел барање да му се врати пасошот, но Кривичниот совет уште не донел одлука.

Еден од неговите адвокати, Љупчо Шврговски, во разговор за Независен весник вели дека причината која ја навеле за да му биде вратен пасошот било тоа што Мијалков имал закажано операција на хранопроводот во странство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов телевизиски дуел на Мицкоски и Заев, вечерва на МТВ

Редакција

Детален преглед на состојбата со активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Ковачевски без коментар за внукот на Ахмети, кој го купува бизнис центарот „Соравиа“

Редакција