еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мијалков во притвор за „Империја“: Судот му го укина притворот за „Таргет-Тврдина“

Судот му го укина притворот на Сашо Мијалков за предметот „Таргет-Тврдина“, а му определи 30-дневен притвор за предметот познат како „Империја“, информираа од Основниот суд Скопје 1-Скопје за МИА.

– Заради појаснување на јавноста во врска со притворот на С.М., по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои прозлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во предметот познат како „Таргет-Тврдина“, претходно определениот притвор на лицето С.М. му е укинат со решение на Судот, а по предлог на надлежното Обвинителство во предметот познат во јавноста како „Империја“, судија на претходна постапка го прифати предлогот и му определи 30-дневен притвор заради постоење на основите од член 165, став 1 точка 1 и 2, односно опасност од бегство и основи кои укажуваат на влијание врз сведоци, информираат од Основниот суд за МИА.

Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во притвор веќе се Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за уште еден предмет: Освен за „Таргет-Тврдина“, Мијалков доби нов притвор за „Империја“

Пратеничката Нола Исмајлоска Старова: Не бев присутна кога го апсеа Сашо Мијалков

И Мијалков, како Камчев сместен во „хашка соба“ во затворот во Шутка

Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“За Бесмира Македонија е Швајцарија“: Несудената конзулка хит на Твитер

Редакција

За кого гласаше Македонија на Евровизија

Редакција

Антикорупциска со иницијатива до Обвинителството за поведување кривична постапка против екс градоначалникот Георгиевски и актуелниот Садики

Редакција