еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков за „бомбата“: Со Заев ниту сум се договарал, ниту имам договор

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков во изјава за Плусинфо, реагира за новата „бомба“ и вели дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев ниту се договарал, ниту имал договор и дека прв пат слушна за такво нешто.

“Во објавениот разговор не знам ниту за кој Сашо се мисли, но порталот Инфомакс, кој прв го објави разговорот преземен од останатите, извлекува некаков заклучок и ме инволвира мене без воопшто да се обидат да ги проверат информациите.

Подолг период истиот портал се обидува да ме дискредитира со невистини и лажни вести.

Од ваквите напади најголема штета трпи ВМРО- ДПМНЕ. Малкуте медиуми кои се јасно критички настроени кон власта наместо да се насочат кон анализа на пропустите на оваа влада изминативе три години, тие на неколку дена пред избори се посветуваат на пласирање невистини против мене…“, вели за Плусинфо, Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) Нови „бомби“ за Заев

Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не бил вакциниран: По три месеци во Велес прв случај на починат од Ковид-19

Редакција

Раздвоената постапка за Јанкулоска во „Тенк“ продолжува утре со сослушување сведоци

Редакција

Лажни се дојавите за бомби во училиштата и Управниот суд во Скопје

Редакција