еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски бара детална истрага за Јанева и други обвинители за „Рекет“ и да се одземат сите предмети на СЈО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска побара детална истрага за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за нејзината релација со двајцата обвинети во случајот „Рекет“.

Мицкоски на прес-конференцијата во седиштето на партијата побара и детална истрага за директна или индиректна поврзаност на останатите обвинители, но и со псевдонимите за кои, како што наведе, јавноста има сознанија дека се дел од врхушката на СДСМ .

Најави дека ќе изработат сопствено законско решение за јавното обвинителство кое, како што рече, ќе се темели на вистинските темели и бескомпромисна битка против криминалот и корупцијата.

Осврнувајќи се на Законот за јавно обвинителство, Мицкоски рече дека со предлогот на СДСМ, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да биде унапредена во републички јавен обвинител, а останатите обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да бидат преземени од новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да се формира.

Ова, рече Мицковски, е грубо кршење на Законот за СЈО кој предвидува овие обвинители по завршувањето на мандатот да се вратат во матичните обвинителства.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е овие обвинители по престанокот на мандатот да се вратат во матичните обвинителства.

Во однос  на предметите на СЈО, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е сите предмети до 30.06 2017 година, наместо да бидат преземени од новото обвинителство, да бидат преземени од државниот јавен обвинител и прераспредени онаму каде овие дела припаѓаат.

ВМРО-ДПМНЕ предлага и финансиска незавиноста на целокупното државно обвинителство.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

108 лицa не носеле маска, 20 не го почитувале полицискиот час

Редакција

Игор Јанушев избран за шеф на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Филипче за ТВ 24: Доста ми е од политика, се враќам на Клиниката за неврохиругија

Редакција