еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски бара изборите да се одржат на средината на јули

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конфернеција порача дека партијата нема да оди на предвремените парламентарни избори ако тие се одржат на 5 јули, или на предложениот 8 јули, а прва можна дата е средината на јули.

Тој го повика претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, нагласувајќи дека партијата има два услова да учествува на изборите – подготовка на протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и услови за фер и демократски инклузивни избори.

Нагласи дека еден ден откако во земјата ќе стигне Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР може да почне кампањата.

-Имаш време денес до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба. За зошто да ја продолжи вонредната состојба? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има два услови, а тоа е најпрво да изработиме протоколи со коишто ќе го заштитиме здравјето на граѓаните.

Знам дека и тебе ти е тоа приоритет. Од ова кратко време колку што имав можност да те запознаам г. Стево Пендаровски знам дека и тебе ти е тоа приоритет – да изработиме протоколи со коишто ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа, да имаме фер и демократски инклузивни избори во оваа држава.

Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога мисијата набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат во Македонија веднаш по одржаната нивна прес-конференција следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори.

Според сегашната ситуација она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ го антиципираме првата возможна дата е средината на месец јули, рече Мицковски.

Тој упати порака и до раководство на СДСМ и Зоран Заев да не прават притисоци ниту во ДИК, ниту кај граѓаните.

Заев вчера го повика Мицкоски изборите да се одржат на 8 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Без учество на релевантните политички фактори, изборите во овие услови ќе претставуваат само нова политичка криза

ОБСЕ/ОДИХР ги почна подготовките за мониторинг на изборите на 5 јули

Заев: Отстапувам од петти и согласен сум изборите да се одржат на 8 јули

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КХВ даде зелено светло: „Современ дом“ и „ЗСФ КОМ“ може да го преземат „Скопски пазар“

Редакција

Професор Трајковски: Луѓето со хронични болести се најзагрозени од Ковид-19, а имаат најголем страв за вакцинација

Редакција

Продолжува судењето за “организаторите на 27 април“

Редакција