еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(ВИДЕО) Мицкоски бара Владата да прогласи вонредна состјба поради загадениот воздух

Во ситуација кога како држава се соочуваме со сериозни проблеми и порази, сменето име, идентитет, нелегално прогласена двојазичност, сиромаштија, имаме пресметка на власта со пазарџиите, но и пензии кои се кратат во однос на законски предвиденото, целата држава се соочува со уште еден значаен проблем, каде цената е здравјето на граѓаните, а тоа е проблемот со загадениот воздух, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео-обраќање.

Видео обраќање 21.01.2019

Состојбата со загадениот воздух е алармантна, се губат животи, владата да прогласи вонредна состојба.

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 21 јануари 2019

„Последиците од несправувањето на власта со проблемот, се преполни болници, деца и повозрасни кои страдаат од респиратнорни заболувања, изгубено здравје. Загадениот воздух подразбира бавна смрт во кој се губат животи. Владата мора да дејствува. Се работи за здравјето на 2 милиони граѓани.

Не сакам да се разбере ова мое обраќање како политизација на проблемот, туку напротив како вклучен аларм и краен апел институциите на власта да престанат со декларативните мерки, да започнат суштински да се справуваат со проблемот, веднаш и без одложување. Секој поминат ден без решавање на проблемот подразбира нарушено здравје и загубени животи.

Нема оправдувања. Речиси две години се на власт, а ситуацијата не е подобрена. Ветуваа чист воздух, а добивме држава која е на првото, повторувам првото место по најзагаден воздух во светот. Ова подразбира дека сите мерки на институциите се неадекватни и несуштински, и преставуваат вистинско фијаско“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека потребно е прогласување на вонредна состојба, за да се заштити здравјето на граѓаните.

СДСМ: Мицкоски глуми загриженост, а сноси директна одговорност за зголемување на загадувањето и поскапување на струјата

Се јави Христијан Хидро Мицкоски, човекот што сноси директна одговорност за зголемување на аерозагадувањето, поскапување на струјата и зголемување на сиромаштијата, регираат на обраќањето на Мицкоски од СДСМ.

„Лицемерно денеска глуми загриженост Мицкоски за проблемот со загадувањето, после 11 годишно криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и не преземање ништо.

Хидро Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ за 100 проценти ја зголемија цената на струјата, што влијаеше илјадници домаќинства да преминат на нееколошки начин на загревање. Дополнително, заради криминални интереси на ВМРО-ДПМНЕ не презедоа ништо за загаденоста на воздухот.

Мицкоски молчеше 11 години за загаденоста на воздухот. Бизнисот со хидроцентрали што го доби од неговиот шеф, Никола Груевски, му беше поважен од здравјето на граѓаните.

Мицкоски да не глуми загриженост. Сега сите институции се посветени на решавање на проблемот со загадувањето.

После 11 години игнорирање на проблемот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, конечно се преземаат сериозни мерки на краток, долг и среден рок кои имаат за цел да стават крај на долгогодишниот проблем.

Станува збор за сложен и долгорочен проблем за кој е потребно време, но сите институции се силно посветени на негово конечно решавање“, велат од СДСМ.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Системот за греење на болницата го предизвика енормното загадување во Куманово, велат од Општината

Редакција

„Пустинската олуја“ ги крена параметрите на загаден воздух во Скопје до плафон

Редакција

Јавни расправи во Тетово и Гостивар за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за регионалниот план за управување со цврст отпад за полошкиот регион

Редакција