еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски би одбил амнестија за Груевски и Мијалков, во замена за поддршка на референудмот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата за 24 вести рече дека на 30 септември ќе се дознае дали ќе излезе или нема да излезе на референдумот, потенцирајќи дека повикот членовите на партијата да постапат според сопственото убедување не значи повик за тивок бојкот на референдумот.

На премиерот Зоран Заев, како што рече, треба најпрво да му биде дозволено да излезе на ТВ дуел, па дури тогаш тој би дознал што мисли за бојкотот.

– Премиерот има шанса да дознае само треба да се одважи да дојде и на крајот на дуелот ќе го дознае ставот на Христијан Мицкоски. Дали Христијан Мицкоски ќе излезе или нема да излезе не е важно затоа што ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука. 455 илјади граѓани го слушнаа ставот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Според него, ставот се донел во рамки на партиските тела по состаноците на пратеничката група, на Извршниот и Централниот комитет и бил соопштен притоа посочувајќи на сите штетни последици, како што рече Мицкоски, капитуланскиот договор кој премиерот Зоран Заев го потпишал со јужниот сосед.

-Ова е надпартиско прашање за кое граѓаните треба да одлучат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека договорот не е дел од референдумското прашање и оти тоа е прашање со повеќе значења со цел да се направи забуна кај граѓаните.

На прашањето дали ќе прифати амнестија за поранешниот лидер Никола Груевски и поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков, во замена за поддршка на референудмот, рече дека ќе одбие.

-Не разбирам за каква амнестија станува збор. Ќе одбијам. Не знам кој е тој што би ми ја понудил таа амнестија и не знам на што ќе се однесува таа амнестија, колку што знам правосилна пресуда нема ниту за едниот ниту за другиот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа дали се плаши од раскол во партијата Мицкоски вели дека не се плаши ниту, пак, дека има индиции за такво нешто. Кажа исто така дека има голема поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Не одговори дали ќе си поднесе оставка од претседателската функција доколку власта добие поддршка за Договорот од Преспа, туку рече дека ВМРО-ДПМНЕ и тој ниту биле дел преговорите за него, ниту некој ги прашал за референдумот и референдумското прашање.

– Легитимитетот на еден политичар е под знак на прашање на парламентарни избори, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека очекува премиерот Заев да си поднесе оставка доколку референдумот не успее, онака како што претходно кажал.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имер Алиу ќе го предводи изборниот штаб на ДПА: Останува поддршката за Пендаровски

Редакција

Синдикатот на културата утре ќе одржи протестен марш: Разочарување и незадоволство на вработените

Редакција

ДИК: Стево Пендаровски е нов претседател

Никола Осило