Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција информираше и дека утре заминува на одмор во Хрватска со своето семејство.
„Иако дел од медиуми се обидоа не знам зошто да ја изедначат датата на мојот одмор со датата кога Заев замина, за волја на вистината тоа не е така, јас од утре со моето семејство ќе одиме во Хрватска.
Зошто токму Хрватска, бидејќи во моето детство родителите токму таму со мене и моја помала сестра го поминуваа одморот, па затоа годинава решив да одам таму со моите два сина и сопругата“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев по прославата на Мечкин Камен продолжува во Охрид и Грција- министрите од денеска на одмор
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.