еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот

Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, тој само треба да се охрабри, да не бега од вистината и да прифати дебата, напиша на неговиот фејсбук-профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„А ако се плаши и си бара изговор тоа е типично за човек што знае да витка кичма и да се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност.

На дуелот нема да може да дојде медиумската армадила под контрола на власта, ќе ги нема ниту оние партиски ширачи на невистини кои секојдневно парадираат лажно креирајќи розева слика, ниту пак некој од надвор ќе може да го брани, тој ќе е оставен сам на себе. Веројатно затоа не го пуштаат да излезе на дуел“, вели Мицкоски.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да го надмине стравот и да прифати ТВ дуел

Заев ќе излезе на ТВ дуел со Мицкоски штом каже дека е против бојкот на референдумот

Мицкоски го повика Заев на нов ТВ дуел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Заев и Ахмети заедно славеа за „Северна Македонија“

Редакција

МВР со апел до граѓаните да си ги подигнат личните карти за кои аплицирале

Редакција

Влада: Да се затворат гранични премини Требиште и Блато и ски-центарот во Маврово

Редакција