еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски е за екстрадција на Груевски и го осудува неговото бегство

Лидерот на најголемата опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата 1ТВ рече дека треба да се почитуваат законите и дека тој се залага за екстрадиција на поранешниот македонски премиер и почесен претседател на партија, Никола Груевски од Унгарија во Македонија.

Рече и дека не се слушнал со Груевски откако избега во Унгарија, а не се слушнал ниту со неговата сопруга Боркица и мајка му Нада, но ќе им се јавел најскоро што може.

Смета дека е важно да се лоцира вината за тоа како се случи бегството на Груевски и кои се потпомагачите.

„Самиот чин на бегството го осудувам и начинот на кој постапи господинот Груевски, односно бегството, но многу е важно да се лоцира вината кај кого е, како се случи и кои се помагачите кои ја потпомогнаа оваа акција, рече Мицкоски.

Мицкоски во интервјуто за 1ТВ, рече и дека немал индиции оти Груевски ќе избега од земјава и смета дека одговорот треба да се бара во институциите кои треба да кажат како се случило бегството.

“Она што е важно е да добиеме одговор како ова се случи, зошто надлежните институции во оваа држава, кои можам да кажам од лично сведочење многу прецизно знаат каде јас се движам, како не би знаеле каде се движел господинот Груевски, кој е осуден на две години затвор. Доколку навистина не знаеле тогаш станува збор за голем пропуст. Крајно време е да престане реалното шоу што ни го приредува власта. Ги охрабрувам во истрагата да ги пронајдат виновниците и помагачите“, рече тој.

Посочи дека со Груевски разговарал пред да ја поднесе жалба на судската одлука и пред гласањето во Парламентот за одземање на мандатот.

“Тоа беа темите што ги разговаравме и во ниту еден момент не можев да забележам дали постои и најмала индиција дека ќе се случи тоа што се случи“, рече Мицкоски.

Посочи и дека во изминатиот период имал низа патувања, меѓу кои и во Србија и Унгарија, каде се сретнал со премиерот Виктор Орбан неколку недели пред да се случи бегството и оти тема била претстојниот конгрес на Европската народна партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Груевски на насловна на унгарскиот магазинот ХВГ: “Ја сакам Унгарија“

Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?

Груевски лаже дека братот на премиерот му сугерирал дека ќе му биде одложена казната, ако убеди пратеници да гласат за уставните измени, велат од Владата

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мажите во земјава се побројни за 3.000 од жените

Редакција

650 казни за неносење маски

Редакција

Досега се самопопишале 82.106 лица од дијаспората

Редакција