еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски и на Курц му кажал дека за ВМРО-ДПМНЕ договорот со Грција е неприфатлив

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц, информираат од партијата.

“На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции и актуелниот референдум за договорот со Грција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека членството во ЕУ и НАТО преставува наш стратешки државен интерес, а воедно ВМРО-ДПМНЕ е отворена за понатамошна продлабочена соработка со Австриската Народна Партија како сестринска партија во рамките на Европската Народна Партија.

На средбата Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција и истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација.

Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија.

За ВМРО-ДПМНЕ повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните со цел да се прикрие вистинската содржина за што реално треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција“, велат од партијата.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утврден составот на новата Актикорупциска комисија, Билјана Ивановска предложена за претседателка

Никола Осило

Продолжува судењето за „27 април“: Ќе бидат изнесени дополнителни докази на одбраната на Чавков и Муковски

Редакција

(Видео+Фото) Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога: Запленети половина тон марихуана

Редакција