еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Квази-патриотски навој и крик на Каракачанов поради сомнението за поткуп за бугарските пасоши

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Сојузот на стопански комори (ССК) го кажа својот став за последните изјави на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

“Ние сме се изјасниле во многу наврати во минатото, очекуваме денеска да го видиме и ставот на владата на Република Македонија. Ставот  на ВМРО-ДПМНЕ сме го кажале во минатото уште кога овој документ беше потпишан помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија.

Бидејќи се уште постојат сили кои што и во двете страни гравитираат кои што не мислат добро на добрососедските односи помеѓу овие две земји, во таа насока се и овие изјави на господинот Каракачанов, кои како што гледам е прилично актуелен во соседна Бугарија, а една не така добра тема, а тоа е дека постои основано сомнение за поткуп кој што е поврзан со издавање на бугарски пасоши.

Така што претпоставувам овој квази-патриотски навој и крик на господинот Каракачанов е во функција на таа политика“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов: Македонија со овој менталитет не треба да влезе во НАТО, во Скопје треба да се свестат и да станат нормален народ

Кој е контроверзниот Красимир Каракачанов: „Човекот што сака Бугарија да се простира од Софија до Токио“

Каракачанов со „воспитна“ до Заев: Злоупотребата на македонскиот јазик може да ве чини членство во НАТО и ЕУ

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: И се извинувам на ќерка ми за грозните пораки и јавното изложување, само затоа што е способна

Редакција

Продолжуваат судењата за „Титаник“ и „Тврдина 2“ на СЈО

Редакција

За 24 часа регистрирани 487 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 230

Редакција