еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Македонскиот народ кажа стоп за Договорот со Грција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека договорот со Грција не доби зелено светло од македонскиот народ.

„Договорот доби стоп од македонскиот народот. Народот на Република Македонија, кои се сопственици на оваа земја покажаа исклучителна демократска свест. Граѓаните кои гласаа против и кои апстинираа испратија најгласна порака – ова е Македонија.

Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски. Нашите предци се Македонци и такви ќе бидат и нашите поколенија“, изјави Мицкоски.

Оцени дека референдумот е длабоко неуспешен и оти политиката на Зоран Заев и неговата Влада потфрлила.

“Бројот на оние што апстинираа и гласаа против е драстично поголем од оние што го поддржаа Договорот. Народот покажа истрајност, демократија и патриотска свест“, рече Мицкоски.

Прашан дали ќе прифати предвремени парламентарни избори, Мицковски кажа дека Заев не треба да бара предвремни парламентарни избори, туку подобро му е да се подготвува за политичка пензија.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Богољуб Макревски назначен за стечаен управник на „Трансмет“: Се повикуваат доверителите да ги пријават побарувањата

Редакција

„Еси времено вработување“ го доби тендерот на Министерството за одбрана за привремени вработувања вреден 195.000 евра

Редакција

Католиците го празнуваат Велигден: И во мигови на страв, не можеме да се откажеме од надежта

Редакција