еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски му ветил на Хан дека нема да го опструира договорот од Преспа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на маргините на Конгресот на Европската народна партија во Хелсинки оствари средба со еврокомесарот задолжен за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, информираа од партијата.

“На средбата Мицкоски нагласи дека стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е членство на Република Македонија во Европската унија и дека во таа насока партијата ќе продолжи да дава значителен придонес.

Мицкоски го информираше Хан за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од партијата.

Хан пак на Твитер напиша дека Мицкоски му ветил дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го опструира носењето на уставните амандмани за промена на Уставот, предвидени со договорот за името со Грција.

„Бев кристално јасен дека ратификацијата на договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравив неговата заложба да не го опструира процесот во собранието. На ЕУ интеграции им е потребна конструктивна опозиција, напиша Хан.

Во Хелсинки освен официјалната делегација на партијата предводена од Мицкоски, на поканата на претседателот на Европската народна партија, Жозев Дол присуствуваат и исклучените Петар Богојески и Никола Тодоров.

Фото: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков со ново писмо до Мицкоски: Хан и Дорис Пак те прочитаа дека си лажен патриот, твојата бламажа е од светски рамки

Дорис Пак: Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за договорот со Грција да се третираат како криминалци

Хан со поддршка за исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Сите закани мора да престанат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

37 се реинфекција: 223 нови случаи на Ковид-19 од 2.365 тестови

Редакција

Грците лути и на Чулев: Во биографијата му пишувало Република Македонија

Редакција

Убава вест: Оздравени 387 болни од Ковид-19

Редакција