еМагазин
Image default
Политика ТОП СТОРИИ

Мицкоски најави иницијатива пред Уставен за законот за јазиците и учество на претседателските избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека со денешното објавување во Службен весник на законите за јазици и за ратификација на договорот од Преспа премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери извршиле „атентат“ врз Македонија.

-Противуставното потпишување на Законот за јазици, денеска доби продложение, кога директорот на Службен весник го објави указот. Со тоа пред себе си создадоа алиби дека законот е во употреба и правосилен, вели Мицкоски во Отворено студио на телевизија Алфа.

Според него, ова е кривично дело и потсети дека партијата ќе поднесе кривични пријави како и иницијатива за проверка на уставноста на законот пред Уставен суд. Очекува дека ако Уставниот суд поставува по правото, законите и Уставот ќе го прогласи овој закон за неуставен.

ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, нема да ги бојкотира претседателските избори и оцени дека изјавата на генералниот секретар на партијата била погрешко протолкувана и намерно спинувана. Воедно побара со претседателските истовремено да се одржат и предвремени парламентари избори.

-Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претседатеслките избори и дека идниот претседател на РМ ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Но јас инсиситрам, заедно со претседателските во исти трошок, да не се трошат дополнителни средства догодина, еве денеска се појави 21 април како можна дата, да се органиизраат и предвремени парламентарни избори. Она оправдување дека реформите ќе застанеле, не држи оти секако Парламентот нема да функционира за време на претседателските избори. Ајде заедно со нив во исти пакет, да направиме предвремени, па за следните локални во 2021 година таа Влада што ќе се формира да може да се размавне, да има доволен период од две години да ги направи сите можни суштински реформи кои се неопходни, рече Мицкоски.

Тој оцени дека актуелната Влада во изминативе две години не спровела никакви реформи во судстгвото, здравството, образованието и економијата која, како што рече, е катастрофална, а според сите најави, смета дека оваа година нема да добиеме датум за преговори со ЕУ.

МИА/Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тодоров едногласно исклучен од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Европарламентарците утре ќе побараат екстрадиција на Груевски во Македонија

Редакција

Силјановска по изборот: Не не сум националист, јас сум за владеење на правото

Редакција