еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски најави кривични пријави за доаѓањето на пратениците позитивни на Ковид-19 во Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го нарече тероризам доаѓањето на двајцата пратеници позитивни на Ковид-19 во Собранието и најави дека нивната пратеничка група ќе поднесе кривични пријави.

-Пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради инаетот и фрустрацијата на еден човек, а Обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство.

Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Тој го повика претседателот на државата Стево Пендаровски да застане зад правото и Уставот.

– Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница, напиша Мицкоски.

За Мицкоски денешните случувања се тероризам, а не оние од 27 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Двајца пратеници со Ковид-19 во Собранието гласаа во скафандери од кабина

(Фото) Пратеничката на СДСМ, болна од Ковид-19 во скафандер отиде да гласа во Собрание

Апасиев се заканува со кривична за биолошки тероризам, оти болната од Ковид-19 пратеничка отиде во Собрание да гласа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчевска за изборот на Абази: За мене овој избор е само уште една цигла во зградата на мафијата која ја држи државата во заробеништво

Редакција

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Редакција

„Писмото е од тој што е потпишан“, одговори Мијалков на прашањето кој го напишал писмото што му го прати на Мицкоски

Редакција