еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски на Фејсбук повика на одложување на изборите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил повика на одложување на изборите.

“Сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности. Токму кога се предвидувањата за пикот на здравствената криза, во Македонија ќе треба да се одржат избори.

Со вакви анализи и предвидувања изборите би значеле отворање на нови жаришта со Корона вирус.

Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор.

Во овие кризни моменти ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и ова го велам од причина што сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но воедно одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани, поточно над еден милион луѓе под директен ризик за нивното здравје и ширење на корона вирусот.

Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на превдремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо“, напиша тој.

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ќе се одржи седница на Советот за национална безбедност на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот во Македонија.

На седницата ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата.

Членови на Државната изборна комисија (ДИК) вчера во пресрет на денешната седница побараа партиите и Владата да ја преиспитаат одлуката за изборите, бидејќи здравјето на граѓаните е пред се.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Првата пациентка со корона вирусот денеска заминува на домашно лекување

„Многу разводи ќе има со изолацијава„: Твитер реакции за корона вирусот

Првпат го видов „Силбо“ празно, корона вирусот го направи Скопје град на „духови“

Млада фармацевтка од Скопје разочарана од врсниците: „Чопоративно собирање по дома не е карантин“

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Арафат Шабани, заменикот министер за образование и наука

Редакција

(Фото) Во Новаци отворена најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот

Редакција

Јанакиески и Ристоски нападнати во затворот Шутка

Редакција