еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Не поддржувам аболиција

Гледам дека станува актуелна темата со одлучувањето на Уставниот суд, симптоматично преку ноќ, и на само неколку месеци пред изборите. По се изгледа самата тема стимулирана од провладините структури, ми изгледа за предизборна стапица каде нужно ќе се навраќаме како јавност на старите теми, се со цел да се заборави она што е вистински актуелно, а тоа се десетиците коруптивни и криминални зделки кои остануваат не само неказнето, туку за кои нема ниту истраги, како кеш, вирус, рекет 1 и 2, набавка на хелкоптери, тепање на вработен во општина од градоначалник, криминалци на слобода…

Ова е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по најавите дека постои можност Уставниот суд да ја врати на сила аболицијата на експретседателот Ѓорѓе Иванов.

„Кога станува збор за аболицијата како принцип, и особено што на чело на Владата имаме некој кој веќе поминал низ тој процес и е аболиран, ќе кажам дека сум човек кој не верува и не поддржува аболиција како принцип, особено што целата оваа дебата ми личи за подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта кои се плашат од одговорност за аферите сега, како и еден вид закаснета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци.

Иако сега власта ќе крева прашина, ќе создава вештачки непостоечки теми и хипотези, и ќе истакнува колку тие се против, сепак останува фактот дека ова е тема која единствено им одговара на Заев и СДСМ.

Јас компромис со правдата не правам, ниту сега и во иднина, а до крај ќе бидам за доследна примена на законите и Уставот, воспоставување на независно судство и обвинителство, како и одговорност за секој докажан криминал“, вели Мицкоски.

МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Собранието се најавува расправа за автентично толкување на Законот за помилување

Уставен поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

„Сите ќе ги амнестираат само Катица ќе лежи“: Твитер реакции за можното враќање на амнестиите на Иванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мало намалување на бројот на пациенти со корона вирусот во болниците

Редакција

13 лица меѓу кои и полициски службеник на сопствена сметка во карантин поради непочитување на мерките за изолација и самоизолација

Редакција

Ромео Костадинов нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Редакција