еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Неконструктивна е власта, а не опозицијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата во партиското седиште истакна дека на денешната средба со со в.д. помошник-државниот секретар за Европа и Евроазија на САД, Филип Рикер ќе има можност да му каже „кој игра политички игри и дека Владата, а не опозицијата е неконструктивна“.

-Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат, слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука, рече Мицкоски денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ има конструктивен пристап и оти треба да се отвори прашањето дали Владата е конструктивна.

-Рикер во ниту еден момент не рече дека опозицијата треба да се однесува по принципот земи или остави. Искусни дипломати и луѓе кои се едуцирани во демократски системи не се однесуваат како Заев кој сака да наметне едноумие и цензура на слободната мисла, рече Мицкоски.

Прашан за коментар за акцискиот план за борба против дезинформациите и лажните вести, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа е обид за враќање во 49-та година од минатиот век, цензура и контрола на слободно и демократски искажаната мисла.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рикер и порача на опозицијата дека „времето за игри е поминато“ и за доброто на земјата да биде конструктивна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да се најде соодветен и неселективен начин за еднаков и слободен пристап на медиумските работници до сите настани, велат од АВМУ

Редакција

Димитров: Одвратна инсинуација дека сум вмешан во „Рекет“, прв пат ќе тужам

Редакција

Денеска средба за францускиот предлог на партиите од владината коалиција

Редакција