еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не би го поддржал Договорот од Преспа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Алфа рече дека ниту еден пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не би го поддржал Договорот од Преспа и дека тој договор е мртов.

Тој обвини дека на референдумот имало брутално полнење на гласачките кутии и објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара формирање на анкетна комисија во парламентот која ќе ги испита ваквите незаконски активности на власта.

Тој рече дека избори се можни само според условите предвидени од Пржинскиот договор. Мицкоски уште еднаш избегна да каже дека го бојкотирал референдумот и изјави дека апстинирал бидејќи референдумското прашање било двосмислено односно дека е за ЕУ и НАТО, но не за прифаќање на Договорот од Преспа.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ќе се истражува кој помогнал во бегството на Војминовски

Редакција

За осум дена ќе се знае дали Никола Груевски ќе стане првиот премиер-затвореник

Никола Осило

Македонските туристи не ги откажуваат аранжманите поради страшното невреме на Халкидики

Никола Осило