еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски oчекува победа на партијата на претседателските избори: Огласот за кандидат е објавен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува победа на партијата на претстојните претседателски избори.

-Јас лично очекувам една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, рече Мицкоски, во изјава за новинарите пред Соборниот храм во Скопје каде присуствуваше на божиќната литургија.

Тој информира дека партијата штотуку го објавила конкурсот за избор на кандидат за претседател.

-ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која транспарентно се обраќа кон граѓаните и кон сите оние заинтерсирани кандидати кои сакаат да аплицираат на конкурсот, а се разбира ги исполнуваат условите кои што се со закон пропишани. Конкурсот трае до 31 јануари и тогаш јавноста ќе знае кои се имињата кои се пријавиле на тој конкурс. Од пријавените кандидати на конвенцијата ВМРО-ДПМНЕ ќе избере оној кој ќе понуди најдобра програма, рече Мицкоски.

Тој посочи дека имаат редовна комуникација со претседателите на политичките партии од албанските етнички заедници и дека иако тие средби не се официјална, се одвиваат на различни нивоа, вклучувајќи и на претседателско ниво.

-Останувам на принципот дека во ова држава граѓаните терба да ги делиме на оние кои се лојални и не се лојани, а не според етнички принцип и етнички клуч. Тоа беше грешка во минатото, се злоупотребуваа етничките заедници. Тоа не треба да биде пракса во иднина. Во РМ треба да победи претседателски кандидат кој што ќе го освои мнозинството гласови на граѓаните на РМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изразувајќи уште еднаш убеденост во победата на следните претседеталски избори.

Запрашан за Законот за корупција, Мицкоски истакна дека нивните забелешки се принципиелни и биле изложени на работната група во рамки на Собранието и изрази надеж дека СДСМ ќе се повлече од најавата за негово повторно ставање во собраниска процедура но со европско знаменце.

-Овој закон е исклучително важен и треба да ја добие поддршката од сите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ е на располагање. Имаме аргументи кои се во согласност со ГРЕКО и со меѓународното право и подготвени сме да ги аргументираме каде било, кога било и со кого било од нашиот политички противник…Основен принцип на овој закон е формирање нов чадор што би служел во подоцна фаза за притисок врз политичките неистомисленици, рече Мицкоски подвлекувајќи дека во ваква форма нема да го поддржат законот. 

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески се враќа во Шутка, притвор и за Ристоски, Вељаноски има пратенички имунитет

Редакција

Иванов за последен пат ќе се обрати пред пратениците на 28 декември

Редакција

(Фото) Заев во Давос се сретна и со милијардерот Сорос

Редакција