еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот претседател Вучиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Република Србија и претседател на СНС, Александар Вучиќ, соопштуваат од партијата.

„Во текот на средбата се дискутираше за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање. Воедно се разговараше и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план.

Двајцата соговорници се осврнаа на потребата за добри билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области. Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности, истакна Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Нема да си играм како во Македонија со референдум на кој народот вели дека е ‘против’, а вие во Собранието гласате ‘за’

Вучиќ му се извини на Заев што не испратил соопштение за средбата со Мицкоски

Фото: Фејсбук-профил на Христијан Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наскоро идентификациски број за Отворен Балкан за граѓаните на Македонија

Редакција

Казнети 394 граѓани за неносење заштитни маски

Редакција

Групата од осум ученици и наставникот го напуштија подрачјето погодено од земјотресот и се на пат кон Анкара

Редакција