еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Специјалци упаднале во домовите на активисти и подржувачи на ВМРО ДПМНЕ, вршеле претрес и во детска соба

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ на својот Фејсбук профил соопшти дека минатата недела специјалци упаднале во домовите на петнасетина подржувачи и активисти на партијата:

„Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава.

Со специјалци, огнено оружје во домовите на честити луѓе, домаќини, но однеднаш за соседите, и согласно употребената полициска сила стануваат сомнителни поединци за кои има “сомнеж за антидржавно делување”.

Еден од нив има три деца, а можете да замислите каков надреален трилер е само за неговите малолетни деца кога специјалци вооружани прават претрес во детската соба затоа што единствен грев на неговиот татко е што мисли поразлично од власта, другиот го задржале во полициска станица зошто имал чаура зачувана од неговата свадба пред повеќе од десетина години, другиот сомнително им изгледал, а тоа според полицијата на Спасовски е тешко кривично дело во обид“, пишува Мицковски.

Фото: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР го демантира Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Армин Лашет на местото на Ангела Меркел во ЦДУ

Редакција

Прекинат штрајкот во „Идризово“: Затворската управа ќе ги пренесе барањата на затворениците

Редакција

Почна да се полни и монтажната болница, моментално има 11 пациенти

Редакција