еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: За нас нема алтернатива освен полноправно членство во ЕУ

За нас нема алтернатива освен она кое што го зборуваме цело време, а тоа е полноправно членство во рамките на Европската Унија, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната трилатерална средба во Охрид за т.н „Мал Шенген“.

„И во минатото кажавме, и сега ќе го повториме истиот став дека секоја можност која Македонија може да ја искористи, а да се подобри квалитетот на животот на граѓаните, треба да се искористи, но тоа се решава со билатерални договори“, смета Мицкоски.

Тој рече дека нема информација какви се одлуките и што се разговарало, но призна дека за време на нивната последна лидерска средба во кабинетот кај претседателот Стево Пендаровски побарал објаснување.

„Тогаш добив објаснување од две реченици кое што буквално не беше ни на ниво на енциклопедиско објаснување, а камо ли за некакви суштини. Така што од она што можеме да го слушнеме на нивните прес – конференции и од она што циркулира во јавноста, не можам да извлечам точен заклучок за што точно се работи, ниту пак имам било каква информација, но ќе повторам, за Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во рамките на Европската Унија“, рече Мицкоски.

МИА/Фото:Фејсбук/Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Заев, Вучиќ и Рама од Охрид: Ќе изградиме поинаков Западен Балкан кој ќе биде фактор во Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 2.308 болни од Ковид-19

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ има дилеми околу јазикот, историјата, Протоколот, кој никој не го видел, вели Мицкоски по обраќањето на Фон дер Лајен

Редакција

Џафери останува на ставот да се изгласа дневниот ред на 36. седница, па потоа приоритетните антикризни закони

Редакција