еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски за обвинувањата од Заев дека е вмешан во „Рекет“: Нема да го тужам, моето име го нема

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да го тужи премиерот Зоран Заев, кој денеска на прес-конференција рече дека „Рекет“ води до Мицкоски.

„Нема да го тужам и нема да се заканувам со тужби поради оваа невистина. Но, ќе го предупредам дека свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донесоа исказите кои се дадени кај обвинителката која што го води предметот „Рекет“.

Но, истовремено и наредбите за вештачење, како и резултатите од вештачењето. Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта. Нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот.

Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити јавниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста“, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Заев има сознанија од истрагата или нервозата „зборува“ дека „Рекет“ води до Мицкоски

Мицкоски: Заев дојде со план да не се постигне договор за да си го заштити криминалот

Заев разочаран од лидерската: „Груевизам“ до доцна во ноќта, ВМРО-ДПМНЕ бараше да го заташкаме криминалот

Заев и Мицкоски се договорија да не се договорат, судбината на СЈО останува да виси

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Прилеп 150 заболени и 49 излекувани од коронавирусот

Редакција

На Клиниката за Онкологија се инсталира новиот акцелератор, ќе се врши и обука на вработените

Редакција

МВР со детали за приведување на Ирена Ристиќ

Редакција